Матичните лекарии во среда на протест – ФЗОМ ги скратил лекарствата што смеат да ги препишуваат
Дали пациентите треба да ги лекуваме со баење или со лекарства. Треба ли да броиме по колку апчиња даваме на пациентите – прашуваат матичните лекари, гневни откако викендов од Фонот за здравство добиле мејл со известување дека го пречекориле препишување на лекарства и дека за истото им следува санкција.
-Ниту еден доктор не дава лекови за колачи. Ние лекуваме луѓе, зборуваме за спасување на човечки животи и тоа е многу сериозна тема и молиме институциите многу сериозно да го сфатат ова и под итно да си свикаат состанок. Што треба да не ги лекуваме луѓето? Да не им даваме лекови? Да баеме? Ниту јас ниту некој мој колега нема да даде пеницилин ако на пациентт не му е потребен. На никого нема да дадеме лек за притисок ако тој нема притисок, вели Д-р Лилија Чолакова Дервишова.
Со измените кои беа направени, матичните лекари добија можност да препишуваат лекарства кои се на ниво на специјалист, се со цел тие да бидат подостапни за пациентите, бидејќи има недостаток на специјалисти низ градовите.
Сметаме дека Буџеотот треба под итно да се зголеми. Управниот одбор на Фоднот под итно да свика седница и да направи промена која што ќе важи од јануари годинава. Ова е во интерес на народот. Ако режимот е симнат, Буџетот треба да биде зголемен и пола од лековите кои што ние ги издаваме ги препишуваат специјалисти. Зачи не може само матичните да бидат казнети. Ни треба да покачуваме плати според одлуките на државата, а Буџетот од Фондот не е променет од времео на Беким Сали. Занете коклу министри се сменија од тогаш, прашува докторката.
Министерот за здравство одговорноста ја префрла на Фондот, а од таму велат дека реакцијата на матичните лекари е поради целта за рационално препишување на лекови која што е на сила повеќе од 10 години и поради која им се намалува дел од капитација доколку некој од матичните лекари ја надмине таа цел.
-Целта за рационално препишување на лекови е уредена со Правилник каде што се дефинира обемот на лекови кои што може секој од матичните лекари да го препише сразмерно на бројот на пациенти кои што ги има прикрепено и во него е дефиниран процентот на препишани рецепти за антибиотици, анксиолитици и за останати лекови.Во моментов ФЗОРСМ прави пресметки и анализа за да види зошто е дојдено до оваа состојба и дали причините се објективни или субјективни и согласно добиените пресметки ќе постапи соодветно како никој не би бил оштетен, велат од Фондот за Тв Алфа.
Матичните лекари својот револт најавија дека ќе го изразат на протест во среда во 12 часот пред канцелариите на Фондот низ државата.