Матичните лекари заборавени од институциите за време на пандемијата со Ковид – 19

Заборавени од институциите, матичните лекари се ставени во нерамноправна положба во која сами треба да обезбедат средства за работа – реагираат од Здружение на лекари по општа и семејна медицина.  Од Здружението испратија писмо до премиерот Спасовски и првиот човек на здравството Венко Филипче, во кое бараат сет економски мерки за справување со кризата.

Поради целокупната сериозност и околностите и се што се одвиваше околу пандемијата со Ковид-19, ние од здружението побаравме награда за сите здравствени работници односно тимот на матични лекари кои се грижеа за пациенти со Ковид-19 во домашниот третман, како и вредносен ваучер за набавка на средства за лична заштитна опрема – изјави за Алфа др. Љупчо Захариев – потпретседател на Здружение на лекари по општа и семејна медицина.

Пандемијата влијае на целокупната егзистенција на државата, здравствено и финансиски, но влијае и врз финансиското опстојување на амбулантите затоа од здружението бараат пакет економски мерки и реализирање на ветеното покачување на капитацијата на 90 денари.

Од Здружението наведуваат дека одговориле на предизвикот во справување со пандемијата, но дека им претстојат нови предизвици со што дополнително ќе се зголеми потребата од здравствени услуги што може да дојде до затворање на некои амбуланти ако не им се помогне соодветно.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста