Матичните лекари критикуваат за рестриктивните мерки – реагираат дека несериозноста на власта довела до катастрофа

Властите, а не граѓаните, се виновни за катастрофалната состојба со корона пандемијата која пустоши во Македонија, алармира матичниот лекар Ненад Лазаров. Тој вели оти новите рестрикции што стапија на сила вчера се задоцнети и тие нема да го решат проблемот со зголемениот број на заразени и починати. Работа на политичарите е да водат сметка за здравјето на граѓаните бидејќи за тоа се платени со народни пари, вели доктор Лазаров.

„Ние требаше да направиме сериозен локдаун, од две три недели многу порано за да не се доведеме во една катастрофална состојба. Зе мене е шизофрено да изјавиш пред 4-5 дена дека е прераспространет вирусот и дека мерки нема да вродат со никаков резултат за после да смениш став тотално и да некојси потешки мерки правиме. Видете ова е веќе нон сенс, ова е шарлатанство“, вели матичниот лекар Ненад Лазаров.

Лазаров алармира дека новиот британски сој кој доминира во земјава се повеќе ги напаѓа младите и оти се почеста е сликата во матичните ординации да доаѓаат тинејџери со сериозно воспаление на белите дробови и ниска сатурација за кое е потребна долга рехабилитација.

И докторката по семејна медицина, Анкица Станоеваска е загрижена поради фактот дека се повеќе деца се лекуваат од серизони компликации преидзвикани од Ковид 19. Апелира дека итно се потребни нови мерки и клуч на обложувалниците.

„Имаме млада популација која што во моментов е многуз аразена и вчера бевте сведоци на голем број починати, цела недела ја нарекуваме црна недела. Жално е да слушнете дека 28-годишник починал во меѓувреме да не се направи ништо во однос на рестрикциите, да кафичите како гласвен извор и кладилниците каде што се собираат младите останат отворени“, вели доктор Анкица Станоевска, доктор по семејна медицина.

Матичните доктори се децидни дека бројот на новозаразени е драстично поголем од официјалниот бидејќи термини за тестирање нема а лошата економска состојба на граѓаните не им дозволува да се тестираат приватно и покрај тоа што имаат симптоми на корона вирусот.

Алармираат дека и покрај тоа што цела година лекуваат илјадници пациенти со ковид 19, власта ниту еднаш не се сетила да финансиски да ги награди, а поради големите трошоци и долгови, голем број матични лекари се принудени да ги затворат своите ординации. Искуството на старите колеги, пак ги пишмани помладите да почнат да работат во примарното здравство.

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста