Матичните лекари гневни на Заев

Револтирани и бесни матичните лекари се кренаа на нозе откако премиерот Заев јавно ги омаловажи нарекувајќи ги нестручни и недоволно храбри во борбата против ковид 19

“Ти и твојот министер за здравство сте виновни за хаосот со корона кризата. Вие двајцата се оградивте од сите барања на матичните лекари. Не оставивте 9 месеци без пртокол.Вие сте одговорни што пацинетите се мешаат низ ординации и уште повеќе го шират вирусот.Секој ден губите лекари и се повеќе ќе ги губите пошто никој не сака да работи во ваков хаос кои вие го креиравте.” –пишува во фб статусот на д-р Весна Петковска Огњановска.

И матичниот лекар Ненад Лазаров напиша:

Механизмите за регулација и санкција се во ваши раце, казнете кој не работи, а не сите во еден кош, ова го злоупотребувате за да префрлате вина, а во меѓувреме, ништо не превземате. За храброст особено, нема да дозволам ниеден политичар да ми коментира! И мене не ми е прифатливо да прегледувам секој ден со месеци, и туѓи пациенти, а некој да се крие у бункер, ама не е на мене да сменам нешто.

Заев им порача дека не се доволно стручни и храбри.

“Се надевам дека матичните лекари ќе покажат малку поголема храброст, овде не ја гледаме доволно храброста, веројатно не се доволни специјализирани и стручни па не навлегуваат така длабински како специјалистите во државата.” – изјави премиерот Заев пред два дена.

Инаку долг период матичните лекари бараат промена во здравствениот систем за полесно да се справат со ковид 19. Но од Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство воопшто не ги послушале нивните назнаки и предлози за решавање на состојбите.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста