Матичните гинеколози дереле пациенти за здравствени услуги кои им следуваат бесплатно

Дали двајцата гинеколози од струшката општа болница се единствените гинеколози во државава, кои покрај примарната здравствена дејност која ја обавуваат во државните здравствени установи,ординираат и дома во нелегални ординации ? Од Државниот здрвствен и санитарен инспекторат побаравме одговор дали имаатсознанија и за други гинеколози кои работата нелегално,некои дури и во субстандарди услови, колку нелегални гинеколошки ординации се затворени до сега и колку вонредни инсекциски надзори се извршени во ординации за кои имало сомнеж или пријава дека работат нелегално ? Покрај ова,побаравме и дообрајаснување за вчерашното соопштение поврзано со нелегалната ординација на струшката докторката гинеколог, во кое меѓу другото се вели :

Просторијата во која се одвивала гинеколошко акушерската дејност е во сопственост на д-р З.П.Ш. доктор специјалист по гинекиологија и акушерство, вработена во ЈЗУ ОБ Струга. При надзорот, приложен е Договор за отстапување на користење на простор ( 01/2021 година) каде стои дека просторијата се издава на времено користење на ПЗУ Д-р Благоја  Парталоски.”

Нема одговор на прашањето зошто во месец јануар годинава,просторијата се издава времено да јас користи  доктор кој е во пензија цели 13 години ?!

“ За сите дополнителни информации јавноста ќе биде иннформирана по целосното завршување  на вонредниот инспекциски надзор.Во однос на второто прашање, во период од август 2017-та до денес ДСЗИ нема постапувано по претставки или сознанија за други нелегални гинеколошки ординации.Доколку добиеме сознанија или претставки од пациенти, ДСЗИ ќе постапи неселективно”-рече д-р.Ирина Бухова.

Во услови кога ДСЗИ цели 4 години не извршил нити еден инспекциски надзор, оти немале сонзнанија, социјалните мрежи вријат од коментари во кои пациентките отворено пишуваат дека и матичните гинеколози иако не смеат, им наплатувале за здравствените услуги:

  -Јас каде што одам 700 ден е преглед а пап тест е 2.300 ден. За добар ден и совет 500 ден,ехо,колпоскопија и брис фаќа 3-4.000 ден. А матичен гинеколог! Сите наплаќаат . Ни фискалана ни ништо,ако одбиеш да платиш,нема веќе да ти бидат матични. Каде се инспекциите?Да беа дуќанџии до сега ќе ги затвореа.Да одбиеш да платиш за услуга  што не треба ни да ја наплатат. Ги сотреа луѓето арач,кој колку сака и како сака си зема.Ќе има ли кртај на ова самоволие и некаков ред во ова безредие, срамота !!

За ова уредно побаравме информација од министерството за здрвство но со одговор не не’ удостоија.Не интересираше: дали министерството има инфорамција за оваа појава и што превзело во врска со ова? Дали се санкционирани до сега некои матични гинеколози кои им наплатувале на пациентите и колкав е нивиот број ?Кој треба да ја котролира работата на  матичните гинеколози и да постапува во ваквите случаи?

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста