Масовна тепачка на кочанчани со група крадци за време на полициски час
„Пристигнаа околу десетина возила. Внатре имаше возрасни мажи. Кога излегоа од возилата видовме дека во рацете држат секири, хебли и стапови. Почнаа да мават по нас. Удараа по кој можат и каде ќе стигнат. На една жена , која дојде да го одбрани сопругот и ставија секира на вратот. Беше хаотично и страшно„- вака за Алфа раскажува анонимем жител на кочанската населба Трајаново трло, каде што сношти еден час по почнувањето на полицискиот час се водела вистинска војна. Физичката пресметка помеѓу жителите на населбата и група крадци се случила откако на дело бил фатен малолетен крадец кој и претходно оперирал по нивните домови. Исплашени за сопствените животи засега никој не сака да зборува јавно за она што се случувало ноќеска. Велат живеат во грч и постојан страв. Очекуваат состојбата да ескалира, доколку надлежните не преземат нешто. Во синоќешната физичка пресметка повредени се тројца граѓани кои сами побарале лекарска помош. побарале медиццинска помош. Со контузии на главата и исеченици по рацете и нозете вчера во Итната медицинска помош примени се три лица, на кои откако им се санирани повредите се пуштени на домашно лекување, потврди директорот на Општа болница Кочани, Александар Серафимов.
Се шпеулира дека бројот на повредени е поголем. Од СВР-Штип го потврдија случајот. Официјални информации најавија, но откако ќе заврши целата истрага.
Тензијата во кочанската населба ТРајаново Тло трае речиси два месеци. Месното население организираше и неколку протести барајќи од градоначалникот да им вети спокоен живот, а од полицијата засилени контроли и поголема ажурност во фаќање на крадците кои во ноќните часови им ги демнат домовите.
Александра Ристевска