Масло за јадење по рафтовите речиси нема, а и да има е „изгор“ скапо, ручекот во кафеана е за 8 % поскап од лани


Енормното поскапување на производите и услугите не запира, а рафтовите по маркетите каде што стои маслото се празни. Од  обиколката низ дел од нив, во попладневните часови  забележавме дека малсло за јадење нема. Онаму каде што е поскапено за дури  20- тина денари.  Србија ја тргна забраната за извоз  на сурово, нерафинирано сончогледово масло ама тоа не ја промени состојбата на терен. Граѓаните се жалат на скапотијата на сите производи, посебно на маслото за јадење:

  • Постојано има поскапување
  • Купував масло за готвење, 130 денари е, тоа е многу
  • Поскапено е маслото, беше 95 денари сега е 133 денари – се дел од реакциите на граѓаните.

И не само во маркетите, ако сакате да седнеме во кафеана и за таму ќе ви треба подлабок џеб. Државна статистика измери дека цените на угостителските услуги за само еден месец скокнале за дури 2 проценти. А лани храната и пијалокот во кафена сме го конзумирале за 7 проценти поевтино во однос на годинава.

Индексот на цените на угостителските услуги во март 2022 година, во споредба со февруари 2022 година, е зголемен за 2.7 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 3.4 %, Алкохолни пијалаци за 1.0 %, Безалкохолни пијалаци за 1.1 % и Ноќевања за 2.0 %. Индексот на цените на угостителските услуги во март 2022 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 7.1 %, информираат од ДЗС.
Дека во Македонија со сегашните плати тешко се живее доказ се и најавените штрајкови во речиси сите сектори. Поткрепа на тоа доаѓа и од статистика која бележи зголемување на трошоците на живот за дури 8 проценти во споредба со лани.   

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста