Масакр во близина на Сиетл, петмина мртви, меѓу нив три деца
15-годишно момче е осомничено за убиство на пет луѓе во куќа во близина на Сиетл.
Според информациите на властите, момчето со огнено оружје убило две возрасни лица и три деца, а едно девојче е рането. Градските власти информираа дека осомничениот е приведен. Засега не е познат мотивот за злосторството, ниту – дали сите вмешани во овој трагичен настан се поврзани со семејството. Замениците на шерифот добиле повеќе повици за пукање во куќа во месото Фол Сити, околу 16 километри источно од Сиетл. Осомничениот 15-годишник е однесен во малолетничкиот центар и најдоцна утре треба да биде изведен пред суд.