МАРТИН ОДЕГАРД ОД РЕАЛ МАДРИД Е ПОЗИТИВЕН НА КОРОНА ШТО ГИ ЗАГРИЖИ ВО ЛА ЛИГА

Екстра талентираниот Норвежанец од Реал Мадрид, Мартин Одегард има позитивен тест на коронавирус и е испратен во карантин. Тој настапи во првиот меч на кралевите во сезоната во Сан Себастијан, а веднаш по дуелот со Реал Сосидад покажал симптоми што се потврдило и со тестирањето. Во Шпанија се загрижени како ќе се развива оваа ситуација бидејќи Одегард во неделата на Аноета одигра 70 минути, па објективна опасност тој да заразил и други играчи и од својот и од противничкиот тим.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста