Маролов: Бугарија кон Mакедонија како Русија кон Украина, крајната цел е демакедонизација
Условите и ултиматумите кои ги испорачува Бугарија кон Македонија се класичен диктат кој треба да доведат до демакедонизирање на македонскиот народ вели за Алфа универзитетскиот професор по меѓународно право Дејан Маролов. Како што во моментов Русија се обидува да воспостави владеење над Украина и Бугарија како поголема држава прави се да ја надвладее Македонија. Маролов јасно порачува дека по логиката која ја применуваат големите сили, помалата држава станува потчинета и обрзана да ги прифати условите кои ги диктира посилниот, како што се и намерите на Бугарија.
Паралелите се вели многу, а ако целта на Русија е да стигнат до фазата на декомунизација, така и Бугарија притиска на демакедонизација, а тоа ќе доведе до негација на постоењето на нашиот македонски јазик и нација.
-Додека руската страна зборува за тоа дека Украинците се создадени од СССР, бугарската страна ни го вели праткично истото велејќи дека Македонија и Македонците се содздадени во рамките на Југославија. И ако Украинците се создадени од Сталин, Македонците по бугарската логика се создадени од Тито. Сето тоа благодарение на комунизмот и оттука логиката на двете страни, и на Русија и на Бугарија кон помалиот народ, се залагаат декомунизација на условно кажано помалиот народ, и ако дојде до декомунизација по бугарската логика ќе дојде до демакедонизација, дециден е професорот Маролов.
И светските познавачи на меѓународното право препознаваат сличност со Руските тврдења за Украина и билатералните односи на Македонија со Бугарија. Еминентниот професор и филозоф Френсис Фукујама во интервју за „Радио слободна Европа“ веќе порача дека поголема земја се обидува да го негира македонското право да го одреди својот национален идентитет различно од оној во Бугарија и тоа навистина е иста работа со руските тврдења за Украина.
А најавува ли известувачот за Македонија, бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, какво сценарио и се подготвува на Македонија. Во интервју за Дојче Веле јасно порачува дека за земјите од Западен Балкан најпогодна би била брза постапка како онаа за Украина за доделување на датум за преговори и европско решение за спорот. Сепак во однос на Македонија смета дека има добра можност која треба да се искористи на максимално брз начин.
-Западниот Балкан е многу чувстителен на надворешно влијание. И ако држави кои имаат големо влијание можат да си дозволат да дестабилизираат една држава како Украина, зошто да не можат да го направат тоа и во нашиот регион, токму во Западен Балкан“, вели тој.
Следната недела во Скопје доаѓа и бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска по што се очекува да продолжат разговорите за прашањата од пакетот „4+1“ барања.
Ивана Соколовиќ Најдова