Актуелниот Мото ГП шампион Марк Маркез по несреќниот пад на воведната трка во Херез се здоби со фрактура на горниот дел од десната рака. Маркез утрово беше опериран, а зафатот минал успешно, без оштетување на нервот, за што првично се стравуваше. Докторите предвидуваат брзо опоравување, и наместо пауза со месеци, тој ќе отуствува неколку недели. Едно е сигурно, Шпанецот нема да се појави на втората трка во Херез овој викенд, но желбата и очекувањата се за трката во Брно на 9 август.