Маричиќ: За случајот ШИК „Јелак“ обратетесе во обвинителството

Откако вчера падна владиниот систем пред Алфа да постави прашање, денеска министерот за правда Бојан Маричиќ се правдаше дека службите работеле на истражување на случајот за аферата ШИК „Јелак“, каде, според скандалот што го обелодени опозицијата, е предвидено изградба на згради во центарот на Тетово.

Маричиќ не кажа ништо конкретно што точно ќе преземат за целосно расчистување на аферата. Не упати конкретен одговор да побараме во обвинителството, зашто тие биле одговорни за истрагата.

– Јас мислам дека тој случај беше инициран од некого, или пак беше доставено како допрен глас, и натаму тоа е работа на обвинителството тоа да го расчисти и да постапи по тоа, секогаш јавно сме го повикувале обвинителствто. Мислам дека е надобро да се обратите за одговор до обвинителството. Затоа пак ќе кажам без да навлегувам во конкретен случај, обвинителството е должно да постапи за сите индиции, рече Маричиќ после брифингот со новинарите.

Алфа се обрати и до Обвинителтвото. Испративме прашања но до емитување на овие вести одговор нема.

Инаку, за аферата со Дака, документи обелодени потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски. Потсети и на разговорите кои одекнаа во јавноста во предизборието во кои наводно се слуша гласот на Дака и осудениот во Рекет, Зоки Кичеец. Во овие аудио материјали се споменува името на Зоран Заев, но и на Драги Рашковски. За ова, нема коментар ниту од владата, ниту од овбинителството.

Николовски обвинува дека зад мини наслебата на местото на ШИК „Јелак“, се кријат Оф шор сметки за евентуални матни тансакции, ДУП сменет преку ноќ, нарушување на урбаното живеење. Според податоците на Николовски во Тетово ќе никнат згради со 2.000 станови за 8.000 жители и огромни деловни комплекси со вкупна заработка за инвеститорот од 200 милиони евра.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста