Мареј и Јокиќ за историско финале на Денвер, елиминација на Клиперс

Во решавачкиот седми меч, Денвер го совлада Клиперс со 104-89 за конечни 4-3 во победи и прогрес во финалето на Запад, за прв пат во своето постоење.Нагетс стана и првата екипа во плејофот, која две серии по ред успеава да се радува при негатива од 3-1 во победи. Претходно на идентичен начин ја исфрлија Јута. А, и не може поинаку кога во тимот царуваат Џемал Мареј и Никола Јокиќ. Мареј беше незадржлив со 40 поени, а српскиот центар со 16 коша, 13 додавања и 22 скока стана првиот играч со трипл-дабл во седмиот плејод меч во последните 16 години. Во финалето на Запад, Денвер за противник го има ЛА Лејкерс.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста