Мареј, Чориќ и Гофан елиминирани на стартот од Ролан Гарос
Ниту специјалните покани не можат да го вратат Енди Мареј на некогашните успешни патеки. По три години пауза се појави на Ролан Гарос и уште на стартот претпе пораз, но не било од кого, туку од Стен Вавринка. Швајцарецот славеше со 6-1, 6-3, 6-2 за час и 40 минити игра. Успешен старт имаше седмиот носител, Германецот Зверев, кој во три сета го доби Австриецот Новак, а неочекувана елиминација уште во првото коло за Чориќ и Гофан. Кај дамите, младата Коко Гоф ја исфрли фаворитката Конта, а дел од носителките, како Халеп, Азаренка и Мертенс рутински во второ коло.
КАТЕГОРИИ Uncategorized