МАРАН Е СМЕНЕТ, ЏЕНОВА НА ПАНДЕВ ОДНОВО ОСТАНА БЕЗ ТРЕНЕР

Џенова на Горан Пандев вчера кај Беневенто го загуби осмиот натпревар сезонава, што им беше доволно на првите луѓе во клубот да повлечат чекор и да го сменат тренерот Роландо Маран. Тој беше поставен на клупата летово, но не ги оправда очекувањата, па тимот од арената Луиџи Ферарис по 13 круга во Калчото остана на само седум освоени бодови и на претпоследната позиција. За сега нема објавено ново име, а веројатно и нема да го има до среда кога Џенова гостува кај Специа.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста