МАНУ во интелектуален карантин, од Академијата нема ниту збор за пандемијата

Молк од Македонската академија на науките и уметностите од почетокот на пандемијата до сега. Ниту претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев, ниту неговиот заменик, ниту пак некој од членовите, од почетокот на кризата не чувме да каже ниту збор, иако тие како академици до сега требаше да изнесат стратешки медицински и здравствени предлози.

Отидовме до таму и тропнавме на врата, за да се увериме дали случајно некој има на работа.

Од сликата што може да се види на терен, освен што е во физички карантин, секако од разбирливи причини, од МАНУ по се изгледа се и во интелектуален карантин.

Се јавивме на фиксните телефони во Академијата. И после долго звонење се јави еден од чуварите кој ни кажа дека во просториите немало никој, и тоа не само денеска, туку и изминативе денови.

Ги побаравме и Живко Попов, Газанфер Бајрами, Абдуменав Реџепи, и уште неколку членови на МАНУ, но никој не беше достапен за коментар. Ниту поранешниот претседател на МАНУ Таки Фити не беше достапен на неговиот мобилниот телефон.

Алфа успеа да стапи во контакт само со еден од академиците, кој не сакаше јавно да зборува. Ни кажа дека сите работеле од дома, а состаноци имале по телефон. Вели дека почнале проект од центарот за генетски истражувања во Академијата, и не упати ТАМУ. Истовремено рече дека владата не им дала ниту денар за истражувањето а ќе излезеле со соопштение кога ќе дојде време.

Инаку, од она што може да се види на интернет страницата на МАНУ, последна јавна објава е онаа на 27 февруари. Од тогаш, па до сега нема ниту збор од нив.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста