МАНУ ќе испитува дали во Македонија пристигнал јужноафриканскиот сој на ковид-19

Битолчанец кој 15 дена бил на одмор во Занзибар, од егзотичниот остров во Македонија се вратил со симптоми на коронавирус. Според кажувањата на неговите најблиски, на 26-ти фебруар тој се вратил дома со знаци на опасниот вирус кои ги чувствувал веќе два дена.Првично бил хоспитализиран во битолската клиничка болница, но поради влошување на здравствената состојба на 1-ви март во доцните вечерни часови,е донесен во струшката специјализирана болница за нефролигија, претходно уредно најавен но без податок дека бил во Африка.

  Пациентот е дојден од Битола со позитивен Ковид 19, без други детални испитувања, кај нас му е земен брз тест за ПЦР позитивен,утре ќе испратиме матерјал во МАНУ каде што ќе биде одреден геномот, типизација и тогаш ќе знаеме дали се работи за друг тип на вириус од овие  јужноафрички сој- вели Александар Попоски-дир.на Спец. болница за нефрологија.

Во моментов тој е во стабилна состојба,иако има почетна бронхопневмонија,вели директорот на болницаата кој не ја исклучува можноста да се работи за јужнафрикански сој, иако симпотимите не се разликуваат од оние класичните на Ковид 19,освен што преносливоста на заразата е побрза и пожестока и веројано смртноста е поголема кај заразени од овој тип на вирус.

65 годишниот битолчанец во Занзибар патувал со неговата сопруга која е хоспитализирана во болницата 8-ми септември. Нејзиниот сопруг останува овде во болницата за нефрологоја поради пребукираност на капацитетите таму, ико лекарите сметале дека посоодветно е неговото лекуваење во 8-ми септември.

Никој не знае колкава група од Македонија заминала на одмор во Занзибар, но поволните пакет аранжмани по прикладни цени за уживање на рајскиот остров на кој се патува без ПЦР тест,во време на пандемија го искористиле многу македонци. Туристичките агенции на големи ги нудат егзотичните дестинации, а интересот е огромен велат.Наредната група и покрај брзото ширење на заразата,за Занзибар заминува на крајот на месец март. Лекарите предупредуваат да не се изложуваат на ваков ризик,бидејќи пандемија на големо се шири,а мутациите на вирусот се фатални.

Росица Голабоска