Манипулациите со исплтата на К-15 продолжуваат- се бара измена за законот за да се заштитат работниците

Правото за годишен регрес да се прецизира во Законот за работни односи ќе бара здружението Гласен текстилец..  Со ваквите измени  к-15 ќе има точно прецизен износ, ќе им следува  и на вработените од јавната администрација и нема да  постои можност компаниите да покажат загуба… Единствено, само вака работниците ќе се заштитат од манипулациите кои години наназад  се провлекуваат при исплатата , сметаат од здружението кое денививе е презафатено со примање на пријави и поплаки на тесктилни работници кои не се задоволни од исплатата на годишниот регрес…

„И оваа година како и претходните си останува оваа дупка во колективниот договорвели дека работавачаот може да исплати помала исплата на регрес за гдишен одмор во фирми каде што имало загуба, односно потешкотии во работењето. Во нашата држава знаеме дека тоа не е тешко и со години наназад се првеше„-изјави Кристина Ампева од Гласен текстилец

Утврдување на најнизок износ за регресот на годишен одмор треба да има, со ваков став се и Организација на работодавачите и Сојузот на синдикатот кои начелно пред крајот на годината се договорија компаниите да исплаќаат до 30% од остварената бруто добивка од минатата година.

„ Бидејки тоа бвеше пред крајот на годината , не успеабме да го довршиме тој процес и моментално се одредбите така како што стои во општиот колективен договор .К-15 до 40% од просечната плата, но онаму каде што има синдикат работодавачот и синдикатот може да разговараат и ако има финансиски проблем да се договорат и за помал износ и тие одредби се така напишани и така треба да се практикуваат-изјави Ангел Димитров,Организација на работодавачи. Предложивме измена на општиот колективен договор. Имавме еден состанок со Сојузот на синдикатите . Тие начално се согласуваат дека одредбата за к-15 да биде полесно сватлива и едноставна . Предлагаме тоа да биде процент од остварената бруто добивка од минатата година „-изјави Ангел Димитров, Организација на работодвачи

Годинава голем дел од работодавачите се осмелија воопшто да не исплатат регрес за годишен одмор, а регистрирани се исплати и на к-15 во висина од 100, 200 или 2500денари..

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста