Манипулации со автопат Кичево-Охрид- за чии интереси проектот се прогласи за промашен, па поправен и повторно промашен?

Манипулации со автопат Кичево-Охрид- за чии интереси проектот се прогласи за промашен, па поправен и повторно промашен?

За да знаат граѓаните дека цела траса е промашена на автопатот Охрид – Кичево , проектот и целата траса , рече од собраниска говорница поранешниот претседател на Влада , Зоран Заев

Дојдоа на власт со тези дека капиталниот проект автопат од Кичево до Охрид е промашен и со ветувања дека ќе ги поправат грешките и патот ќе биде готов. Поминаа безмалку седум години, но автопатот не само што не е направен, туку сега на крајот од вториот мандат проектот повторно се прогласи за промашен. Ќе се бара ревизија, одговорност и можно раскинување.

Овој проект 10 години не е завршен од низа причини кои се однесуваат од проектирање до изведба на самиот проект, а исто така и на самиот почеток знаете дека тој беше предмет на голем број на контроверзии во кои не би сакал да навлегувам. Сметам дека треба да се размислува и во насока на раскинување на овој договор и барање на изведувач кој ќе го направи на квалитетен начин, а не да гледаме пат којшто се прави, во кој се инвестираат пари, а досега нема еден метар автопат пуштено на делницата Кичево – Охрид“, рече Ковачевски

Но која е вистината за капиталното здание кое досега чини безмалку 600 милиони евра и една загубена деценија? Дилемите се оправдани ако се знае дека седум години власта на СДСМ и ДУИ зборуваше дека автопатот во должина од 57 километри ќе почне да се гради со засилено темпо со образложение  дека трасата била промашена и требало ново проектирање и плус пари. Три години проектот беше целосно стопиран, а потоа се тврдеше дека грешките се исправени и дека на терен се работело….

-Очекуваме овој автопат со целосна инфраструктура со девет клучки автопат како што личи во секоја нормална држава да биде завршен до крајот на 2021 година. Ние градиме со план, не градиме на збор, не градиме со провизии, рече поранешната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска на 07.07.2020

Она што го зборуваше Шекеринска една година претходно го демантираше ресорниот министер за транспорт и врски кој призна дека трасата не била згрешена. Што тогаш исправаше Владата  ?

Од друга страна за Кичево Охрид , да се согласувам дека не била промашена трасата можеби тоа е терминологија која што се употребуваше и не од СДСМ туку и од граѓаните и од медиумите можеби била превземена од некои од СДСМ , рече Благој Бочварски на 4.11.2019

Но, и третиот рок дека автопатот ќе биде готов до крај на 2021 се промаши. Ветувањата се префрлија за 2022 кога требаше да се пуштат првите 20 километри, за да финишираат со 2024 како краен рок за целиот автопат.   Премиерот Димитар Ковачевски оваа одговорност му ја даде на министерот за транспорт и врски и му порача дека нема изговори

Одговорен патот да биде готов во јануари 2024 си ти како министер за транспорт и врски, и затоа Благоја еве го тука, стани Благоја да те видат затоа што по тој пат мора да се вози со автомобили од Кичево до Охрид и нема изговори и нема предавања, затоа што секоја цел, Благоја е достижна, рече Ковачевски на 19.11.2022

Ама изгледа и Бочварски и Ковачевски заборавија што ветија. Па така пред два дена најавија ревизија на договорот со кинеската компанија „ Синохидро“ , но и можно раскинување. Како одеднаш она што беше поправено и требаше да се опушти во употреба за некој месец стана повтѕорно проблем, од власта не кажуваат.

Сега повторно се зборува за намерни грешки во проектирањето, и оваа тема прв ја начнува првиот заменик на Ковачевски, кој случајно или не , е координатор на проектот за изградба на коридорите . 

Ако треба нека се прекине, нека се даде на луѓе кои што знаат да го направат патот и нека се изградат автопатиштата. И да се започне кривична постапка за погрешно поектирање,11 нови свлечишта на Кичево- Охрид, тоа е апсолутно неприфатливо”-рече  вицепремиерот Артан Груби.

Автопатската делница Охрид – Кичево  од предвидените 374 милиони достигна 598 милиони евра. Изградбата на автопатот почна во февруари 2014 година и после неколкуте анекси и продолжувања на роковите требаше да биде целосно завршен до крајот на оваа година.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста