Маневски: Собранието не треба да даде легитимитет на спорните владини уредби

Во инсистирањето на претседателот Пендаровски за состанување на собранискиот состав кој е веќе распуштен може да се крие намера на тој начин да им се даде легитимитет на спорните владини уредби со законска сила, смета поранешниот министер за правда Михајло Маневски. Доколку тоа се случи, дури и по барање на 20 пратеници, опција која шефот на државата ја навести по последната седница на советот за безбедност, според Маневски, одговорноста за лошите политики во делот на здравството и економијата, владата ќе ја подели со парламентот. Законодавниот дом како што истакнува екс министерот не треба да му дава тежина на нешто што според Уставот треба да заврши кога ќе врши и вонредната состојба.

“Очигледно е дека на некој начин ќе им се даде легитимитет на одредени легислативни решенија од кои дел се во спротивност со уставни и законски одредби. Знаеме дека некои уредби кои  се донесоа набрзина без основа. И очигледно дека тие уредби не можат да бидат дел на правниот систем на Република Македонија”, вели Маневски

Тој не се согласува и со потегот на Пендаровски околу прогласувањето на новата вонредна состојба. Маневски смета дека ситуацијата може да се менаџира поинаку.

“Уставот говори за вонредна состојба со важност од најмногу 30 дена, а не говори за некакво продолжување на вонредна состојба. Очигледно е дека во овој временески период требаше да се применуваат други мењркји кои ги содржат уставните ивластувања и законите во оваа кризна состојба во оваа епидемија и секако дека државата требаше да биде организирана за поуспешно и поефикасно справување со епидемијата”, смета Маневски.

Мандатот на актуелните пратеници се уште е активен. Новите парламентарци ќе бидат избрани на изборите кои според најоптимистичките варијанти би се одржале во Јуни или Јули.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста