Манчестер Сити вo понеделник ќе ја дознае одлуката за суспензијата во ЛШ

Судот за спортска арбитража во Лозана в понеделник ќе ја донесе конечната одлука по жалбата на Манчестер Сити за двегодишната суспензија во ЛШ. Премиерлигашот оваа забрана ја доби од УЕФА во февруари годинава поради кршењето на финансискиот фер-плеј во периодот меѓу 2012 и 2016 година. Покрај тоа, клубот е приморан во име на парична казна да плати и дополнителни 30 милиони евра.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста