МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД И ВИЉАРЕАЛ ЌЕ ИГРААТ ВО ФИНАЛЕТО ОД ЛИГА ЕВРОПА

Манчестер Јунајтед и Виљареал ќе играат во финалето од Лигата на Европа закажано за 26 мај во Гдањск. Во реваншите од полуфиналето синоќа Јунајтед загуби кај Рома со 3-2, но имаше огромна предност од првото соочување и со  вкупни 8-5 оди во второто финале и по втората титула во ова натпреварување, а таму ќе го чека дебитантот Виљареал која во возвратните 90 со Арсенал издржа на 0-0 и ја задржа предноста од првиот, од домашниот дуел од 2-1. Потсетуваме на финалето од Лига Европа УЕФА дозволи 9 и пол илјади гледачи.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста