Манчестер Јунајтед и Интер се први полуфиналисти во лигата на Европа

Манчестер Јунајтед и Интер очекувано се најдоа во полуфиналето од Лигата на Европа иако до овој статус не дојдоа лесно. Црвените од Олд Трафорд славеа во Келн против Копенхаген со 1-0 со гол од пенал на Бруно Фернандеш дури во судиското продолжение, а Интер брзо поведе со погодоци на Барела во 15 и Лукаку во 21 минута, но за конечните 2-1 против Баер Леверкузен во натамошниот тек мораше да се брани зошто Хаверц намали во 25. минута, а Германците потоа имаа и повеќе од мечот во Дизледорф. Во овој пакет и информацијата дека Манчестер Јунајтед ќе се бори за второ финале, а Интер за петто, со тоа што Англичаните имаат една, а Италијанците три победи во Лигата на Европа или во претходниот Куп на УЕФА.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста