Манчестеј Јунајтед со триумфот над Саутемптон (9:0), испиша и три рекорди!

Долго ќе се памети синоќешната победа на Манчестер Јунајтед против Саутемптон со неверојатни 9-0 во 22.коло од Премиер Лигата. „Црвените ѓаволи“ не само што ја запишаа највисоката победа сезоната, туку влегоа и во историјата на англискиот шампионат. Јунајтед е единствената екипа со две победи од девет гола разлика. Прв пат тоа им појде од рака во 1995тата година против Ипсвич, а 26 години подоцна и против Саутемптон. Но, тоа не е се. Дури седум играчи се запишаа во листата на стрелците, што е втор ваков случај во Премиер Лигата после оној меч меѓу Челси и Астон Вила во 2012 година. И, Јунајтед со деветката против Саутемптон дојде до 12 голови, сметајќи ги оние на првиот дуел, а со ваков ефект во една иста сезона против еден ист тим може да се пофалат само Блекбурн,Тотенхем и Сити.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста