Mанасков со еден гол во убедливата победа на Веспрем над Порто

Ракометарите на Веспрем славеа убедливо над Портос со 38-28 во рамки на Лигата на шампиони. Оваа победа за унгарскиот првак доаѓа во вистински момент за нив пред пресметката со Вардар кој вчера доживеа тежок пораз на домашен паркет од Кил.

Андреас Нилсон со осум гола беше предводник кај Веспрем, а Петар Ненадиќ даде шест. Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков во тирумфот учествуваше со само еден гол.

Со оваа победа  Веспрем ја преќина серијата од два последовни порази во ЛШ и тоа од Монпелје и Кил. По четири кола во ЛШ, Кил е прв со седум бода, следат Монплеје и Вардар со по шест, Веспрем и Порто имаат по четири, Кјелце 3, Мешков Брест 2 и Мотор Запорожје е без бодови.

Дуелот Веспрем – Вардар се игра идната сабота од 17.30 часот, а во истото коло играт Порто – Мотор, Мешков Брест – Кјелце и Монплеје – Кил.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.