МАН најави до 9.500 откази

Германскиот производител на камиони и автобуси МАН денеска соопшти ќе укине до 9.500 работни места во матичната земја и во Австрија со цел да ги намали трошоците и да ја надмине кризата поради коронавирусот.

Отпуштањата се очекува да ги зголемат приходите на МАН за 1,8 милијарди евра до 2023 година, се вели во соопштението на компанијата, која е членка на групацијата Тратон на Фолксваген.

Планот за намалување на трошоците вклучува и реорганизација на мрежата за развој и производство на МАН.

МАН и пред пандемијата предвиде пад на испораките за оваа година од 10 до 20 проценти.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста