Малолетник со возило прегази хирург пред Клиничкиот центар во Скопје

Хирург на респиратор, со крварење во мозок се бори за живот на државната клиника во Скопје откако 16 годишник без возачка дозвола го прегази во центарот на градот. Директорот на Ургентен центар Алберт Леши за алфа вели дека состојбата е премногу критична, докторот по несреќата се здобил со тешки повреди и паднал во кома.

Синоќа на булеварот Мајка Тереза во Скопје, малолетникот од село Сингелиќ со возило удрил во 58 годишниот доктор. Јота се здобил со тешки телесни повреди и бил хоспиталициран на клиниката Мајка Тереза. Малолетникот по незгодата избегал, но полицијата набрзо го привела.

На крстосница од булевар „Мајка Тереза“ и ул.„Елисие Поповски-Марко“, патничко возило „БМВ х6“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 16 – годишник од с.Сингелиќ, удрило во пешакот Ѓ.Ј.(58) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, се здобил пешакот – информираат од МВР.

Лекарската комора најстро го осуди вчерашниот инцидент во кој настрадал хирургот и професор на Медицинскиот факултет, додека го напуштал своето работно место.

Особено сме згрозени од фактот што сторителот без да пружи и повика помош го напуштил местото на настанот оставајќи го повредениот во тешка, животнозагрозувачка состојба. ценејќи ја сериозноста на овој случај упатуваме јавно барање до судско-обвинителскиот систем навремено, сериозно и одговорно да пристапат кон решавање на овој случај, а сторителот да биде најостро санкциониран – велат од Лекарска комора.

Од Министерството за внатрешни работи за сега не даваат детали за случајот , само информираат дека малолетникот непосредно по немилиот настан се обидел да избега но набрзо бил приведен во полициска станица. Неофицијално секој ден во Скопје полицијата пронаоѓа барем по 20 лица што без возачки дозволи возат низ градот.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста