Малолетник го загуби животот во сообраќајна незгода со мотор

На 31.07.2020 во 03.41 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Кочани – Зрновци, во близина на место викано „Дива топола“, се случила сообраќајна незгода во која мотоцикл „кимко“, со кочански регистарски ознаки, управуван од В.А.(17) од с.Зрновци излетал од коловозот. По незгодата, В.А. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде им подлегнал на повредите. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа на Одделението за внатрешни работи Кочани.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста