Малолетничките бракови се уште се реалност во одредени македонски средини

Малолетничките бракови се уште се реалност во одредени македонски средини

И во 21век, во одредени средини  се уште традицијата го надвладува разумот. Во Штип, основци, на четиринаесет и тринаесетгодишна возраст, откако се заљубиле решиле да стапат во вонбрачна заедница. Стручни служби веќе разговарале со ниво, но малолетниците не отстапувале од својата цел, за љубовта ја крунисат со заеднички живот. Во моментот, само момчето посетува настава.

   „По создавањето на брачната заедница разговарано е со родителите и од двете страни. Децата ќе продолжат со нивното образование„ изјави Ерол Адемов, виш референт за заедници.

    Сепак според Кривичниот законик,  детските бракови се забранети и брачната заедница не може да се официјализира доколку лицата не го исполнуват законскиот минимум од 16години. Со донесувањето на законските измени,  брак може да се склучи само  доколку и двајцата партнери се минимум 16години и имат согласност од родителите. Ова е причина за бројот на малолетнички бракови да се намали во послкедните неколку години

     „Значително е намален овој број. Имаме издвоени случаи кадешто имаме склучување на малолеетнички бракови, но тоа најчесто ни се случува кадешто веќе овие лица иако се на малолетна возраст , вече имаат и деца„ изјави Ерол Адемов, виш рефернт за заедници.

Според податоците од Државниот завод за статистика, минатата година во Македонија биле склучени 112 малолетнички бракови, но се водат како податоци за бракови помеѓу невеста и младожења кои не наполниле 20години.  Точна бројка за тоа колку од нив се малолетници, нема . Поголем дел од малолетничките бракови се помеѓу Роми.

Александра Ристеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста