Малите партии окестрирано се впрегнаа со соопштенија за поддршка на Заев

Коалиционите партнери на СДСМ, ЛДП и ДОМ не даваат јасна поддршка за кандидатите за градоначалници од коалицијата во вториот круг на гласање, оставаат нивните гласачи сами да одлучат за кого ќе го дадат својот глас. И покрај ваквите чекори, од двете партии велат дека нема да излезат од коалиција со СДСМ. Горан Милевски од ЛДП сепак признава дека власта водела погрешни политики а тоа го препознал и народот.

– Ние сметаме дека граѓаните се доволно интелегентни и доволно паметни нашите гласачи овие 30.000 да ние нема потреба да ги насочуваме за кого ќе гласаат, тие доволно знаат за кого да го дадат гласот и сметаме дека секое наше јавно објавување или поддршка значи дека ние сме влегле во ова да се пазариме со тие гласови, а нашата цел не е тоа и токму заради тие причини ние ќе оставиме овие интелектуалци и овие граѓани слободно да си го искажат гласот за оној кој што сметаат дека е најдобар да ја води конкретната општина, изјави Милевски.

Морачанин од ДОМ уверува дека стабилно било парламентарното мнозинство, ама најавува дека ќе разговараат за со Заев да се променат политиките кои не им одговараат. Сепак на прашање на новинарите дали доколку премиерот не ги прифати нивните критики ќе ја напуштат коалицијата, не одговорија конкретно.

-Сакам да ги демантирам тие шпекулации дека ние сме биле во некакви преговори за ново парламентарно мнозинство или менување, рушење на Владата. И ДОМ и ЛДП се дел од парламентарното мнозинство, коалициски партнери во Владата, рече Морачанин.

А по фијаското на Заев и коалицијата во првиот изборен круг, помалите партии  со оркестрирани соопштенија порачуваат дека партнерството со Заев е стабилно и никој не му врти грб на СДСМ.  Во текот на денот и други партии ја дадоа поддршката – меѓу нив ВМРО народна партија на Љубчо Георгиевски и НСДП, партијата на Павле Трајанов.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста