Мал интерес за вакцинација на деца од 12 до 17 годишна возраст

Слаб интерес кај децата за вакцинација. Само 1.800 деца и млади до 17 години се пријавени за имунизација против ковид-19. Или 2 проценти од помладата популација. Според податоците од „Мој термин” најголем број пријавени се од Скопје за во Поликлиника „Букурешт“ – 402 малолетници, „Јане Сандански “ – 287, „Чаир“ – 110, „Бит Пазар“ само 5.Најмалку заинтересирани односно само по еден пријавен има во Кратово и Македонска Каменица. По двајца има  во Демир Хисар и Македонски Брод, информираат од МЗ за Алфа. Пријавувањето на вакцинација.мк трае и во текот на денот.

ЈЗУ Здравствен дом  Берово – 11 

ЈЗУ Здравствен дом Битола – д-р Хаим Абраванел – 123 

ЈЗУ Зравствен дом Валандово – 8 

ЈЗУ Здравствен дом Вевчани – 13 

ЈЗУ Здравствен дом Велес – 79 

ЈЗУ Здравствен дом Виница – 4 

ЈЗУ Здравствен дом Гостивар – 53 

ЈЗУ Здравствен дом Делчево – „Гоце Делчев“ – 5 

ЈЗУ Здравствен дом Демир Хисар – 2 

ЈЗУ Здравствен дом Кичево – 30 

ЈЗУ Здравствен дом Кратово – 1 

ЈЗУ Здравствен дом Крива Паланка – 4 

ЈЗУ Здравствен дом Куманово – 88 

ЈЗУ Здравствен дом Македонски Брод – 2 

ЈЗУ Здравствен дом Неготино – 20 

ЈЗУ Здравствен дом Охрид – 84 

ЈЗУ Здравствен дом Прилеп – 67 

ЈЗУ Здравствен дом Пробиштип – 6 

ЈЗУ Здравствен дом Радовиш – 5 

ЈЗУ Здравствен дом Ресен – 19 

ЈЗУ Здравствен дом Свети Николе – 8 

ЈЗУ Здравствен дом Скопје – Поликлиника Бит Пазар – 5 

ЈЗУ Здравствен дом Скопје – Поликлиника Букурешт – 402 

ЈЗУ Здравствен дом Скопје – Поликлиника Јане Сандански – 287 

ЈЗУ Здравствен дом Скопје – Поликлиника Чаир 110 

ЈЗУ Здравствен дом Струга – 31 

ЈЗУ Здравствен дом Струмица – 47 

ЈЗУ Здравствен дом Тетово – 112 

ЈЗУ Здравствен дом Штип – 45 

ЈЗУ Здравствена станица Македонска Каменица – 1 

ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Гевгелија – 46 

ЈЗУ Дебар – 9  

ЈЗУ Кавадраци – 54 

ЈЗУ Кочани – 17  

За вакцинацијата на деца експертите се со поделени мислења некои велат дека децата треба да бидат имунизирани, бидејќи токму помладата и невакцинирана популација се очекува да биде на удар од новиот делта сој. Дел сметаат дека децата не се во приоритетна група за за вакцинација.

Освен малата заинтересираност за вакцинација кај децата, и имунизацијата без закажан термин е со мал одзив.

Од почетокот на вакцинацијата без закажување и теренското боцкање, статистиката покажува дека за овие пет дена мал е бројот на извакцинирани.  Прва вакцина против Ковид од понеделникот до вчера примиле околу 28.300 луѓе.

Во меѓувреме бројот на активни случаи за десет дена е зголемен за 100 проценти. Расте и бројот на градови каде има новодијагностицирани а на табелата водат Скопје и Тетово во кои се повеќе од половина од заразените.Дали здравствените власти ќе воведат нови рестриктивни мерки на локално ниво или пак на границите  ќе се знае во текот на следната недела.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста