Мал интерес кај децата за вакцинација, докторите велат тие не се во ризична категорија за имунизација
Освен слабиот одзив за вакцинација без закажан термин, мала е заинтересираноста за имунизација и од страна на децата до 18 години. Пријавени се над 1.630 или близу 1,4% од помладите за да седнат на вакциналното столче. На што се должи малата заинтересираност и како ќе се стимулираат родителите и децата од Министерството за здравство не добивме одговор. Според дел од лекарите децата не се во ризична категорија за имунизација.
“Децата не би требало да се вакцинираат која е логиката на Владата да препорача би требало да ги прашате нив.Според мене да се гради колективен имунитет на вакцинација врз деца во болест во која што нема ги стави во лоша ситуација децата верувам дека не треба тоа да се направи. Сепак владата одлучуваат по нивни некои податоци и прашајте ги нив за да ви дадат одговор.” – вели д-р Илчо Ефкоски за Алфа.
Највнимателни треба да бидат децата кои имаат слаб имунитет и се изложени на повеќе болести, тие би требало да се вакцинираат предупредуваат докторите.
Вакцинацијата на деца од 12 години ќе почне в понеделник.Најголем одзив за вакцинирање има во Скопје а најмал во Кратово и во Македонска Каменица. Децата ќе се вакцинираат со вакцината на Фајзер. Оваа вакцина во моментов е единствена која е дозволена да се користи согласно препораките од внатрешното упатство за оваа категорија деца за оваа возраст.
Ања Василева