Макрадули: Да не се крева паника за загадувањето врз основа на „Алиекспрес“ мерни инструменти

Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули се скара и со бројките. Тој не верува во мерните станици кои не биле под државна капа и смета дека има драстично намалување на загадувањето во државава.

Иако не поминува ден, кога Скопје, но и другите поголеми градови не се меѓу првите 30 најзагадени места според светската листа на „Аирвижуал“, тој на граѓаните им порачува да не користеле нерелевантни инструменти, или како што ги нарече алатки од Алиекспрес. Тие само создавале паника кај граѓаните.

„Факт е дека има драстично намалување на загадувањето претходната недела кога имаше магла немавме екстремно вискои концентрации. Анализите во сите држави се прават податоците од државниот мониторинг кои се служат со инструменти кои чинат пари.К реирањетио на политика со алиекспрес сензори може само да создаде паника кај граѓаните“, изјави Макрадули- заменик министер за животна средина.

И додека министерот се прави слеп и се потпира само на податоците на државниот мониторинг, светската страна која го мери загадувањето во светот „Аирвижуал“ денеска Скопје го рангираше на 25-то место на листата најзагадени градови во светот.

Додека во изминативе месеци често македонските градови беа и меѓу првите 10. Според аргументите на Макрадули, излегува дека сите меѓународни мерења, освен неговото, се нерелевантни.

Од друга страна, незадоволството кај активистите за животна средина се повеќе расте, тие се револтирани особено по одлуката на јавното обвинителство кое откако спроведе предистражна постапка одлучи дека нема доказ за незаконско работење во Дрисла.. во реакцијата на активистите стои

„Движењето за чист воздух не доби никаков записник ниту информации за наодите од инспекцискиот надзор, ниту во соопштението тие се истакнати, туку само е спомнато дека е формиран истражниот тим.
Врз основа на кои наоди беше изречена глобата? Колкави беа надминувањата, каде е записникот, каде се наведени стандардните алатки кои се употребени за да се утврди надминувањето на граничните вредности?“

Инаку, последното истражување од новинската агенција Мета.мк покажува дека децата од скопски Центар и Карпош биле најчести пациенти за болести на дишните патишта.

Симона Србиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста