Македонците се зависни од антидепресиви

Секој десетти Македонец пие дијазепам. Тој е третиот најпрепишуван лек. Според податоците на Министерството за здравство само од почетокот на месецов овој медикамент бил напишан на над 6 илјади рецепти, а годишната потрошувачка надминува и над еден милион пакувања.

Психолозите велат дека лекарите наместо да направат психо-тест, без проверка им препишуваат дијагноза на пациентите, а во голем дел од аптеките до дијазепамот може да се дојде и без рецепт.

Дијазепамот доколку се користи често може да предизвика сериозни последици врз здравјето, велат психолозите кои велат дека наместо со лекови секојдневните проблеми треба да се надминуваат со разговор со стручни луѓе или со пријатели, со прошетка или физичка активност што ќе им помогне да ја исфрлат негативната енергија.

Јована Грчева