Македонското правосудство глуво на прекорувањето од ЕУ
Европа ги кара, ама нив мува не ги лази. Последниот извештај за Македонија нотира нетранспрентност на Советот за јавни обвинители и дава насоки тие почнат да ги образложуваат своите одлуки. И покрај прекорувањата и советите на ЕУ, новоизбраната претседателка на Советот Душица Димитриеска пред една недела го чекаше преводот на извештајот за да одговори на оваа забелешка.
И додека се чекаше англиски превод, членовите на советот на Обвинители си го изгласаа Кодексот за етика без никаква расправа, ниту образложение.
Претседателката Димитриеска негираше дека не расправале за кодексот, иако јавоста ниту виде, ниту слушна, ниту пак може да најде нешто на нивниот сајт.
Освен образложувањата за кодексот на етика, јавноста не може се уште да го види на писмено објаснувањето зошто е разрешена поранешната шефица на организиран криминал Вилма Русковска.
Димитриеска беше упорна во одоговорот дека на писмено ќе може да се прочита одлуката, зашто немаше волја усно да одговори.
Критики не само за Советот на обвинители, ЕУ го искара и Судскиот совет за нетранспаретност како и за спорно и скандалозно однесување. Но и покрај ова, пред неколку дена апелацискиот судија Енвер Беџети кој 9 месеци го криеше во фиока предметот за најголемата прислушувачка афера во земјава, од страна на Судски совет беше казнет со 20 % од плата во наредните 6 месеци.
За постапките на Беџети и неговите колеги во Апелација загриженост изрази и американската амбасадорка, Ангела Агелер, но бадијала.
Оваа година Европската Комисија ја даде најлошата оценка за напредокот во борбата против корупцијата и криминалот, а на многу ниско ниво сме и во спроведувањето на реформите во правосудството со низа скандали.
Без напредок е и зајакнувањето на судската независност и подобрување на правната рамка за заштита на основните права.