Македонското пчеларството пред колапс

Дека  климатските промени удрија и врз грбот на најдобрите пчелари во државата, покажува и случајот со Нацо Јовчевски. Неговиот  пчеларник во потпелистерското село Дихово, годинава потфрла со производство на мед заради неповолното дождливо време во мај и јуни, кога речиси изостана пашата на пчелите. Тој 16 години се занимава со пчеларење и органско производство на мед , а шест години и со АПИ- туризам и е единствениот едукатор на странци во производството на ливадски и планински органски мед во Македонија. Меѓутоа, заради короната , туристи нема, па дури имаше и неканета гостинка во пчеларникот.

  • Со АПИ- туризам работам од 2014 година и 99 % со странски гости. Оваа година немаше и туристи, а два пати во пчеларникот влезе мечка и направи голема штета. Приносите се релативно помали, а ќе бидеме задоволни ако пчелите успешно ја пребродат зимата бидејќи е мал приносот- рече Нацо Јовчевски, сопственик на Пчеларник – БН во битолското село Диово.

Од невремето во мај и јуни, најлошо поминаа пчеларниците во низинските делови бидејќи пчелите немаа со што да се прехранат, а камоли да остварат вишок на медоносна продукција.

  • Големите климатски промени нас не не одминаа и тие најмногу се чуствуваат во пчеласрството. Тоа значи дека периодите кога треба да има топло време или врнежи од дожд се поместени во однос на цветањето на растенијата. Еден апел до надлежните институции за накоја помош зашто ова се смета исто како елементарна непогода- рече Александар Спасовски, пчелар од Битола.

Од Сојузот на пчеларските здруженија на Македонија велат дека последниве години климатските промени силно удрија врз приносите, а со корона кризата, производителите на мед не можеа да ги увезуваат неопходните репроматеријали.

  • Во годините наназата, просекот на мед по пчелини семејства се движеше од 20- 25 кг, ама сега паднавме под 10 кг. Климатските промени многу негативно влијаат последниве години, а оваа година е врв. Плус и со корона кризата и затворените граници, ни настана голем проблем со набавката на опрема и репроматеријали- рече Методија Трајковски, претседател на СОјузот на пчеларските здруженија на Македонија.

Во Македонија во моментов има околу 260. 000 пчелини семејства, а просечната цена изнесува околу 350 денари за килограм мед.  Дали власта ќе подаде рака за оваа дејност,  останува отворено прашање, зашто субвенциите од 600 денари по пчелино семејство се сосема недоволни.

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста