Македонското дерби МЗТ-Работнички на 3.март во АБА 2

Третиот „балон“ во АБА 2 лигата, кој ќе се одржи во Сараево, посака уште на стартот да ги гледаме МЗТ Скопје и Работнички во меѓусебна пресметка. Македонското вечно дерби е закажано за 3-ти март во утрински термин од 11 часот. Два дена подоцна, МЗТ точно напладне се среќава со Ловќен, а Работнички за противник ја има Сутјеска од 16 часот. И последните третти дуели македонските екипи ќе ги играат на седми март. Работнички со Широки Бријег од 12 часот, а МЗТ против Младост од Земун од 16 часот. Во пресрет на третиот турнир, по седум одиграни кола тимот од Аеродром е на делба на четвртото место со скор 4-3, додека тимот од Дебар Мало ја дели 10-тата позиција со биланс 2-5

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста