Ќучук: средбите меѓу премиерите позитивни за решавање на спорот

Таму каде имало политичка волја и идеја за прогрес, разликите многу полесно се надминувале – навестува ли македонскиот премиер Димитар Ковачевски дека владата е подготвена за брзо време да ги прифати сите ултиматуми кои ги поставија бугарските челници? На конференција во Скопје на која учествуваат политичари од двете земји , Ковачевски пријателски настроен потврди дека на последната средба двете влади се договориле заедно да спречуваат недобронамерна пропаганда, доколку се појави внатре во државите и заедно да се справуваат со говорот на омраза и да го поразат национализмот.

-Заедничката седница на Владите на двете земји на почетокот на оваа недела во Софија и со посетата на премиерот Петков и неговата делегација на Скопје една недела претходно, направен е голем исчекор во унапредувањето на билатералните односи. Таму каде има политичка волја и идеја за прогрес, разликите многу полесно се надминуваат, рече Ковачевски.

За Ќучук кој е главниот известувач за Македонија во ЕП проблемот со признавањето на малцинствата требало да се примени европско решение. Според него фокусот наместо на овие прашања требало да се стави на сега веќе 4+1 барање на кои инсистира Бугарија, откако владата во Бугарија се согласи на краткото име на државата.

-Не само Бугарите, туку и од Хрватите и Црногорците и тие бараат да бидат запишани во Уставот на РС Македонија. Тоа треба да се случи на еден разумен начин и во рамките на процедурите. Процесот е долг, но гледам дека има желба за разговор за оваа тема, истакна Ќучук.

А вицепремиерот Маричиќ не сакал да лицитира со рокови кога владата би ги го отворила Уставот за да се вметнат Бугарите и да ги гарантираат сите нивни права онака како што бара Бугарија. Сепак не заборави уште еднаш да повтори дека властите во Скопје го негира постоењето на македонско малцинство во Бугарија.

– Утврдување и јавно искажување на какви било временски рокови до сега воопшто не ни помогнаа во разговорите. Ние сме се уште во фаза во која што ги изнесуваме позициите и од едната и од другата страна во која што бараме начини како отворените прашања по коишто имаме различни позиции да ги решиме и да ги ставиме во еден план којшто ќе не доведе до подобрување на односите и отстранување на пречките за почеток на преговорите, вели Маричиќ.

Од опозицијата реагираат дека власта нема храброст да пред македонската јавност да каже за што точно преговара со Бугарија и што содржат одговорите на 5+1 од пакетот барања. Реагираат дека во преговорите меѓу двете влади не е испочитуван принципот на реципроцитет.

-Од страна на Османи и Ковачевски не бил испочитуван ниту принципот за на реципроцитет, односно рамноправност којшто како Влада се обврзани да го почитуваат, а истиот произлегува од Резолуцијата изгласана во македонското Собрание. Како и Зоран Заев, така и Ковачевски првата работа што ја прави е ветување на надворешни фактори за отворање на Уставот и негова промена, велат од опозицијата.

Дека забрзано се работи на тоа што побрзо да се прифатат работите онака како што ги диктираат властите, потврдува и фактот што денешната Конференција на која се разменуваа ставови од политичката и екпертската јавност, дискусијата течеше без превод, оти нели сме се разбирале меѓусебе.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста