Македонските тутунопроизводители продолжуваат со серијата трибини низ државата пред почетокот на новата реколта

Со цел да ги превенираат понатмошните понижувања на сопствениот труд и да обезбедат достојно вреднување на тутунарската мака, македонските тутунари, непосредно пред почетокот на годинашната производствена реколта, ја продолжија серијата трибини во Конче и Радовиш. Уште еднаш ги повторија своите барања за покачување на цените по класи, сразмерно на покачувањата на репроматеријалите, потоа израмнување на субвенциите, линеарно за сите класи на 90 денари, вклучително и на дополнителната класа, како и вклучување на тутунарите во мерката „зелена нафта“.

   „ Овие трибини што ги одржуваме се за спас на тутунската индустрија, за спас на самите откупувачи и за бенефит на државата. Државата околу 100 милиони евра, секоја година добива од извозот на нашиот тутун, така што сметаме дека сите чинители во овој процес треба да си помогнеме заеднички и да придонесеме оваа гранка да опстои“, – рече Игор Мирчески, координатор на новоформираните тутунски здруженија.

Македонските тутунари, иако признаваат дека годинава откупните цени биле нешто подобри од лани, сепак тврдат дека и понатаму работат со загуба и тоа од најмалку од евро, до евро и пол по килограм тутун.

   „Со оваа политика, да..ќе се намалат површините на оваа стратешка култура, драстично ќе се намалат ако не се преземе нешто од страна на МЗШВ, од страна на Земјодлескиот инспекторат, од страна на Сојузот на земјоделци, значи ќе биде многу покатастрофална година во поглед на производство на количини на тутун“, – објаснува Кире Ристески, претседател на ТЗ „Тутунска надеж“.

    Годинашниот откуп на тутунот од ланската реколта, согласно Законот, треба да заврши до крајот на месецов.

Каролина Дурло

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста