Македонските тутунопроизводители гневни на МЗШВ заради новиот Правилник со кој се укинува четвртата класа

          На неполн месец од почетокот на откупната кампања на тутунот од годинашнава реколта, тутунарите пак исправани пред за нив, неповолна неизвесност. Новиот Правилник за проценка на тутунот кој Министертсвото за земјоделство го донесе пред десетина дена и според кој се укинува четвртата гласа, ги разгневи македонските тутунопроизводители. Стравуваат дека тоа ќе предизвика уште поголемо намалување на досегашните и онака кататсрофални откупни цени.

    „Новиот Правилник, по се изгледа, ќе значи намалување на цените по класи и најверојатно оваа година нема да можеме да достигнеме просечна цена повисока од 180 денари…Според Правилникот во прва класа влегува многу малку тутун и останува да се проценува тутунот помеѓу втора и трета класа. Во трета класа одат над 45 – 50 проценти, што значи дека како и да се размислува, работите одат кон тоа дека ќе имаме катастрофална откупна година“, – вели Васко Јосифовски, претседател на ТЗ „Тутунска надеж“.

     Според Јосифовски, овој нов Правилник бил скроен по мерка на ресорното Министерство и најверојатно на Сојузот на земјоделски здруженија, чиј легитимитет пак, македонските тутунари уште од минатата година не го признаваат и стравуваат дека некој ги злоупотребува нивните лични податоци.

   „Здруженијата во земјоделскиот Сојуз на Менде Стомнароски се формирани по нарачка на политички партии.Тоа е јавна тајна. Никој, никогаш, ниту еден тутунопроизводител не пристапил кон ниедно од тие здруженија… Оние едбр- броеви кои што ги има кај нив се дадени од ПЕ на МЗ со цел да се покаже дека има членство и денес тие луѓе ќе не претставуваат нас. Колку не претсвауваа, видовте минатата година“, – објаснува Јосифовски.

    И познавачатите на состојбите, сметаат дека овој нов Правилник ќе биде погубен за македонските тутунари. Според некои од нив, со него се обезвреднуваат класите и се остава простор за драстично намалување на цените на тутунот што ќе резултира со крај на тутнопроизводството во Македонија. Ова, особено што Правилникот е правен без консултација со директните производители и откупувачите и затоа ќе биде на штета на двата субјекти, велат упатените.

   Инаку, колку за потсетување, македонските тутунопроизводители, досега не го добија ниту на неколку пати ветуваниот Петти Ковид-пакет.

  Каролина Дурло  

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста