Македонските тутунари, повторно извисени; владеачкото мнозинство не ги гласаше измените на Законот за тутун

     Нема крај на разочарувањата и изневерувањата на македоските тутунари. Отакако вчера, владеачкото мнозинство во македонскиот Парламент не ги гласаше прекупотребните измени на Законот за тутун, тутунопроизводителите исправени пред уште една неизвесна, производствена голгота. Велат, иако лагите и манипулациите од оваа власта не им се ништо ново, сепак револтот и гневот кај нив се големи.

  „Изневерени и разочарани со неподдршката на измените на Законот за тутун, тутунарите, ќе продолжи нивната голгота со увозот на тутун и покрај сите убедувања на Министерството  дека тоа нема да се случи и она кое како барање беше за во измените да се остава Второстепена комисија и компаниите да мораат да склучат договори, тоа нема да биде случај во новата реколта, и како што знаете министерот во тоа не убедуваше, но вчера, неговите пратеници и власта не ги поддржаа овие измени“ – ни изјави за Алфа, координаторот на новите тутунски здруженија, Игор Мирчески.

    Во исто време, друг огромен проблем им е и се уште неисплатената помош од Петти Ковид-пакет. Стравуваат дека власта тактизира и дека тие пари ќе бидат предризборно искористени за поткуп на тутунарите.

  „Сите се сеќаваме каков циркус се направи при носењето на Петтиот пакет со носење на позитивни пратеници во Собранието се со цел што побрзо да се изгласа. Меѓутоа, тутунарите од таа „циркузијада“ не добија ништо…По некои информации, тие средства се планираат за пред избори, негде септември, октомври, меѓутоа ние тутунарите немаме амнезија, немаме кратко памтење, така што ако мислат дека со 10 денари, 20 денари за време на избори ќе го дадат Ковид-пакетот и ќе вршат поткуп на тутунарите, тоа нема да го дозволиме. Ние тие средства ги бараме веднаш и сега“, – објаснува Мирчески.

  Според Мирчески, и премиерот се уште не си достоил на ветувањето за исплата на разликата во откупната цена до 185 ден. за ланскиот тутун, а која инаку беше досега незапамтено катастрофална. Со ваквите постапки на власта, тутунарите се плашат дека и оваа реколта, а која е во тек и која безмалку ја работат на вересија, ќе биде уште покататсрофална од ланската.

Каролина Дурло     

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста