Македонските тур-оператори бараат да се воведе брз корона тест на граница

Во рок од неполн месец, Македонија три пати ги менуваше протоколите кои се однесуваат на ПЦР тестовите-медицинска потврда која ќе му обезбеди влез во земјава на секој стански државјанин кој е негативен на Ковид-19.

-Во време на пандемија кога Вие од петни жили се обидувате да донесе странски туристи,во нашата држава како од ракав се носат одлуки,па се повлекуваат.Тоа остава несериозен впечаток кај странските партнери-велат туристичките водичи.Тие сметаат дека ако сакаме да ни дојдат гости,на самиот граничен премин треба да бидат поставени станици за брзо тестирање.

“Ќе ги одврати ако треба претходно пред патување да одат да прават тестови,тоа се значи дополнителни трошоци.А вака ако на самата граница покрај контрола пасошка направат само еден брис или брзо контрола дали има вурус човекот или не, со 5 мин тестови тоа е многу побрзо и нема да ги одврати луѓето” – вели Љупчо Јузмески-туристички водич.

“Да, би била наша желба да биде овде на плоштадот преполно со гости од странство,меѓутоа јасно е дека во секоја земја поединечно постои страв од патување иако они кои што ќе се одважат да патуваат треба да поминат извесни тестови и контроли за да влезат во нашата земја” – вели Михаил Мишев – Eснаф на угостители.

Од полициската станица за гранични проверки Ќафасан, предочија дека уште на самиот почеток пробувале да им подметнат лажни потврди за направен коронатест,само да ја поминат границата.

Ќафасан:На влезе баравме да имаат ПЦР тестови не постари од 72 часа за влез во државава.Строго ги проверувавме сите тестови дали се валидни или не се валидни. И самото одграничување со ПЦР тестовите не е трајно решенија, значи гледате дека фактички нас опасноста повеќе ни доаѓа од внатре одошто од надвор – изјави Златко Крушароски – Командир на П.С.

Но, факт е вели Крушароски дека со самото отворање на границите, се зголеми ризикот од ширење на коронавирусот во Македонија.
Согледувајќи ја ситуацијата, здраствените власти на 10 јули повторно ја вратија одредбата за задолжително прикажување на ПЦР тест.Ова направи хаос и го отежна работењето на тур операторите.

Инаку,најпрвин на 17 јуни стапи на сила мерката да се дозволи влез во државава, но со задолжителен ПЦР тест не постар од 72 часа или одење во 14 дневен карантин, за десет дена подоцна да се отворат границите без никакви контролни мерки за коронавирус,се до 10 јули, кога повторно ги вратија ПЦР тестовите.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста