МАКЕДОНСКИТЕ РАКОМЕТАРИ ВО СКОПЈЕ (17.30) ИГРААТ ПРИЈАТЕЛСКА СО ЧИЛЕ

По дводневни тренинзи македонската машка ракометна репрезентација денеска ќе има и пријателски натпревар со учесникот на Светското првенство, Чиле. Тоа е средба во Борис Трајковски во Скопје од 17.30 и за нас претставува можност за проверка на силите иако негде во позадина се уште се надеваме дека некој ќе се откаже од настап на Мундијалот што во Египет започнува следната среда, а ние ќе влетаме како прва замена. Селекторот Брестовац на собирот има повеќемина, а денеска ќе оди со Лазаров, Кузмановски, Талевски, Пешевски, Митревски, по што за сабота кога е вториот меч е предвидено шанса да добијат и други ракометари.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста