Македонските ракометари во ноември започнуваат со Финска во квалификациите за ЕП

Веднаш по жрепката направен е и планот за одигрување на средбите од квалификациите за Европското машко ракометно првенство во 2022 година. Нас секако најмногу не интересира групата 7 во која Македонија започнува со домашен меч против Финска на 4 или 5 ноември, а во тој пакет е и гостинскиот дуел со Швајцарија. На почетокот од следната година имаме два мегдана со Данска, дома на Божик и веднаш потоа на гости, а завршуваме во мај и јуни со патување во Скандинавија и средба пред овдешните гледачи против Швајцарија. Првите две од секоја од осумте групи и четири најдобропласирани трети селекции одат на завршницата во Унгарија и Словачка.

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста