МАКЕДОНСКИТЕ РАКОМЕТАРИ ПО ПОБЕДАТА НАД ЧИЛЕ ВО ГЛАВНАТА ФАЗА НА СП ВО ЕГИПЕТ

Машката ракометна репрезентација на Македонија ја оставри првата победа на Светското првенство, што и донесе и пласман во втората фаза од шампионатот кој се одржува на северот од Африка.

Почетокот на дуелот со Чиле делуваше дека ќе немаме сили за поправање на впечатокот иако на полуврмеето противникто имаше само гол позитива, за разлика од претходните два меча со Шведска посебно Египет кога натпреварот беше решен уште по првите 30 минути. Овој пат со пресврт во вториот дел и стабилна игра во завршницата Македонија го совлада повторно Чиле сега на најважниот официјален натпревр, а конечните 32-29 значеа и први бодови за нас во групата Г кои и ни го донесоа пласманот во главната рунда, каде покрај нашата ќе бидат уште 23 селекции. Во следната фаза се вкрстува со репрезентациите од Групата Х, односно  на нашите ракометари им претстојат дуели со Белорусија, Русија и Словенија, од кој првиот на програмата е в среда.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста