Македонските ракометари денеска ги дознаваат противниците за квалификациите за ЕП 2022

Македонската машка ракометна репрезентација денеска ќе ги дознае противниците односно групата за квалификациите од кои се заминува на Европското првенство во 2022 година. Ние сме сместени во вториот сад, заедно со Австрија, Белорусија, Португалија, Србија, Русија, Црна Гора и Холандија, а меѓу фаворитите и како што велиме во првиот шешир, и наши можни противници се: Норвешка, Шведска, Словенија, Данска, Германија, Франција, Чешка и Исланд. Во третата квалитативна група се: Швајцарија, Романија, Литванија, Босна, Украина, Летонија, Полска и Белгија, а во последната, аутсајдерска се: Финска, Италија, Турција, Израел, Естонија, Грција, Косово и Фарските острови. Првиот и вториот од групите, и четирите најдобри трети, одат на машкиот европски шампионат број 15 кој се одржува во Унгарија и Словачка, а покрај домаќините пласман веќе имаат обезбедено и финалистите од годинашниот собир Хрватска и Шпанија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста