Македонските малолетници редовно уживаат во коцка, алкохол и цигари

Македонската младина редовно ужива во пороци. Дваесет и седум отсто од македонските ученици на 15 и 16 годишна возраст се имаат обложувано за пари во последната година, додека 19 проценти минуваат повеќе од шест часа на социјални медиуми за време на школските денови, покажува извештајот на Европскиот училишен истражувачки проект за алкохол и други супстанци (ESPAD). Студијата, спроведена во партнерство со Европската агенција за лекови е спроведена во 35 европски земји вклучително и Македонија. 

Коцкањето е поизразено кај машките – 34 отсто, но има и 20 проценти женски.

Најпопулани игри на среќа меѓу тие кои рекле дека се коцкале во последната година, се:

 Лотарии – 58 %

обложување на спорт и животни – 50% се наведува во извештајот.

Но не е само коцкањето. Малолетниците во Македонија уживале и во алкохол, и тоа над 40 проценти од испитаниците кажале дека пиеле последните 30 дена. 8,7 отсто од нив биле пијани во истиот период, а 67 се изјасниле дека пробале алкохол барем еднаш во животот. Се пиело најмногу пиво, но и жестоки пијалоци. Загрижувачки е информацијата дека 6 отсто рекле оти првото пијанство го имале на 13 години или порано.

И цигарите не се исклучени. Анализата покажува дека 20 проценти од учениците рекле дека пушат цигари секојдневно, а помал процент пробале цигара на 13 години или порано.  

Во анонимниот прашалник во Македонија опфатени се 2.930 ученици.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста