МАКЕДОНСКИТЕ ФУДБАЛЕРИ ОДИГРАА НЕРЕШЕНО И СО РОМАНИЈА (0-0) ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА СП

Македонската фудбалска репрезентација трет пат одигра нерешено во септемврискиот циклус за Светското првенство во Катар следната година. 0-0 со Романија синоќа во Скопје и нова испуштена шанса да се вратиме на второто место во групата Ј од овие квалификации во кој играме добро, имаме иницијатива, посед, шанси, удари, но не успеавме да дојдеме до триумф. Мечот синоќа на арената Тоше Проевски во многу наликуваше на тој со Ерменија. И 15 проценти повеќе топката во наши нозе, и двојно повеќе удари, и три пати повеќе во гол, но не дадовме, а освен факторот среќа впечаток е дека недостигаше координација и потег, миг, еден, овде велиме, штос, кој ќе ни овозможевме да отвориме и да славиме. Вака остануваме четврти со 9 бодови, еден помалку од Романија, два од Ерменија која вчера ремизира со Лихтенштајн 0-0 и шест зад Германија која го победи Исланд со 4-0. Квалификациите во Европската зона ќе продолжат во октомври кога ние гостуваме кај Лихтенштајн и ја дочекуваме Германија. Се ќе заврши во ноември кога ќе имаме соочување со Ерменија и Исланд.