Македонскиот амбасадор во Софија повикан на разговор кај Захериева за „говор на омраза“ кон Гарванлиев и бугарофилите

Македонскиот ве-де амбасадор во Софија Владимир Крстевски повикан во Министерството за надворешни работи на Бугарија, по наредба на Захариева поради, според нив, честите манифестации на дискриминација и говор на омраза во државава против граѓаните со Бугарско државјанство и оние кои само имале симпатии кон Бугарија. Но источниот сосед не застана само тука, па и официјално почна да го брани македонскиот претставник на Евровизија Гарванлиев од негативната кампања.

Бугарските дипломати изразија длабока збунетост и разочарување од големата негативна кампања во Македонија против претставникот на Скопје на Евровизија, Васил Гарванлиев. Бугарија ќе продолжи да ги вложува сите неопходни напори во согласност со принципите на мешународното право за да ги заштити правата на бугарските граѓани и грашаните кои прогласуваат бугарски идентитет, соопштуваат од бугарското МНР.

На состанокот присуствувала в.д директорката на Дирекцијата за Југоисточна Европа Ива Крулева. Бугарското МНР соошти дека Бугарија очекувала Скопје да го прани правото на секој граѓанин и самоопределување.

Претходно бугарската министерка за надворешни работи Захариева, за германскиот „Д еуропеан“ магазин, уште еднаш напомена дека Бугарија нема да дозволи влез во ЕУ на Македонија, се додека Заев не ги исполни ветувањата кои му ги дал на својот бугарски колега. Според Захариева, македонската власт морала да го исполни ветеното дека последниот македонски идентитет кој се одвоил од бугарскиот е формиран во минатиот век, односно од АСНОМ 1944 па до денес и потенцира дека Бугарија не признава друг македонски идентитет. Македонија треба да го ипорача ветеното и за националните херои, односно, дека Гоце Делчев и сите други илинденци биле македонски бугари а не македонци. Менувањето на историските учебници во Македонија е уште една работа на која укажува Захариева, како ветена од првиот човек на Владата.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста