Македонски дипломатски синдикат: МНР нема преземено мерки за заштита на вработените од корона вирусот

Министерството за надворешни работи се уште нема преземено мерки за заштита на вработените од коронавирусот – обвинува Македонскиот дипломатски синдикат.

Тие алармираат дека непочитувањето на мерките е дисциплински престап. Велат дека вработените во МНР и дипломатско-конзуларните претставништва често имааат физички контакт со лица кои престојувале во странство.

Бидејќи дипломатијата спаѓа во редот на ризични професии кога е во прашање коронавирусот, синдикатот бара од раководството да преземе соодветни мерки и да набави средства за дезинфекција на раце.

Синдикатот бара итно да се активира планот на превенција и заштита на вработените.

Инаку, министерот Никола Димитров, на 19-ти и 20-ти февруари, со делегација беше во посета на Шпанија, земја која тогаш имаше 300, а денес има 3.000 заразени од коронавирусот.

Во МНР сеуште нема дезинфекција, ниту самоизолација.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста